64 кумановци исклучени од сообраќај минатата недела

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (14.10-21.10.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 68 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, a од сообраќај се исклучени 64 возачи, информираат денеска од кумановската полиција.

Loading...

Од исклучените возачи, 27 управувале под дејство на алохол и 37 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

– Од сообраќај се исклучени, исто така, 24 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 22 возачи поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило и седум возачи поради неправилно престигнување, стои во соопштението на кумановската полиција.

Во текот на изминатата недела издадени се 299 мандантни платни налози, 123 прекршочни платни налози и 76 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Leave a Reply