42 возачи казнети изминатиот викенд во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 42 возачи изминатиот викенд биле казнети на подрачјето на Куманово поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 42 возачи, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од казните, 23 биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

– Четири санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола и една за нерегистрирани возила, додаваат од полицијата.

Сообраќајните контроли, предупредува СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски