4.000 петарди пронајдени во дом на кумановец

Сподели со своите пријатели

Во дом на кумановец полицијата викендов пронашла поголемо количество петарди, при што биле приведени две лица.

Loading...

– На 17.12.2022 во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М.(37) и А.Б.(28), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при претрес во домот на А.Б., извршен со судска наредба, бил затекнат С.М. и кај него биле пронајдени околу 4.000 парчиња различни видови пиротехнички средства – петарди.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесени соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец крадел од паркирано возило

Никола Ивановски