36-годишник загина во сообраќајка на автопатот Табановце – Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен жител на липковското село Лојане рано утринава загина во сообраќајка на автопатот Табановце – Куманово.

Loading...

– На 12.12.2022 околу 01.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Табановце-Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(36) од с.Лојане, липковско, излетало од коловозот, информираат од Секторот за внатрешни работи.

На местото на несреќата починал А.А, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на несреќата.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици