310 случаи изминатата недела во Куманово, починати 15 лица

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (31.08 – 06.09) бројот на нови случаи во Куманово е 310, а активните случаи во Куманово се зголемени и нивниот број изнесува 927, заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.

Loading...

Вкупно 310 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела.

Тоа е намалување ако се земе предвид дека неделата претходно во Куманово биле регистрирани 405 случаи и пред точно седум дена бројот на активни случаи изнесувал 898.

 

 

Во изминатата недела битката со вирусот ја загубиле 15 лица од Куманово и Липково, еден повеќе во споредба со минатата недела.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во четврток, вкупно 65.

Loading...

Досега оздравени во Куманово се вкупно 9.095 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Вкупно 401 пациент од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот, со што е на четврто место зад Скопје, Прилеп и Тетово.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 10.439 случаи позитивни на коронавирусот со што е на трето место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје со 77.421 случаи и Тетово со 10.508.

 

 

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 15.171 случаи во целата држава. Пред Куманово во однос на активни случаи се Скопје, Тетово и Гостивар.

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 180.045 случаи, од кои во моментот се активни 15.171. Излекувани се 158.809, а починати 6.065 пациенти.

Loading...

Никола Ивановски

Извор: Министерство за здравство и gdi-sk