25 сантиметри снег на Маврово, од утре обилни врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Најмногу снег во изминатото деноноќие падна во Маврови Анови дури 25 сантиметри, најмалку во Тетово, само еден, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Денеска облачноста делумно и краткотрајно ќе се намали, но во вечерните часови од запад повторно ќе се зголемува, а во западните делови ќе има врнежи од дожд. Температурата ќе достигне од 5 до 14 степени.

Под влијание на потопол влажен бран утре и во среда ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Во западните делови се очекуваат обилни врнежи (локално над 40 л/м2).

Од четврток се очекува стабилизација на временската состојба.

Leave a Reply