23-годишен кумановец со кривична поради наркотици

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А.(23) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од таму, на 12.08.2019 на ул.„Моша Пијаде“ во Куманово полициски службеници при извршен преглед на пријавениот пронашле и одзеле марихуана.

Инаку, викендов кривични пријави поради поседување марихуана добија уште две лица, од кои едниот од Куманово, а вториот од Липково.

Leave a Reply