22-годишник од Албанија приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишен жител на Албанија вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако приложил туѓа патна исправа.

Loading...

– На 10.08.2021 во 00.05 часот на Граничен премин „Табановце” бил приведен Е.З.(22) од Република Албанија, затоа што при проверка било утврдено дека на увид приложил патна исправа на име на Д.Б.(23) од Република Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен и предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски