20-годишник од Куманово крадел од приватен имот

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишен кумановец бил приведен вчера под сомниние дека извршил кражба од приватен имот во Куманово.

Loading...

– На 07.11.2023 година во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р. (20) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека истиот ден на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово влегол на приватен имот и одзел предмети.

А.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Физички нападнат жител на Матејче