19-годишник од Куманово ќе одговара за поседување марихуана

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишен кумановец заработи кривична пријава поради поседување марихуана.

Loading...

– На ден 18.02.2020 до ОЈО Куманово поднесена е кривична пријава против Л.С.(19) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, по чл.215 ст.2 од Кривичниот законик на РСМ, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат оттаму, нНа 02.12.2019 во 15.30 часот, на ул.„Д-р Рибар“, при извршен преглед кај него од страна на полициски службеници, пронајдена е и одземена марихуана, а истиот е лишен од слобода.

Никола Ивановски

Leave a Reply