187 казни напишала полицијата викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 187 возачи.

Loading...

Од нив 148 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 28 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и 11 за управување возило без возачка дозвола.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на Секторот за внатрешни работи Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо