15 деца од Куманово од социјални семејства ќе зимуваат во Крушево

Сподели со своите пријатели

Петнаесет деца од Куманово од социјален ризик беа на зимски распуст во детското одмаралиште Бегова Корија во Крушево, информираа денеска од Јавната меѓуопштинска установа Центар за социјални работи Куманово. Од вкупниот број деца, шест потекнуваат од семејства корисници на социјална парична помош, две од семејства корисници на постојана парична помош, пет деца корисници на посебен додаток заедно со придружник-родител и две деца без родители и родителска грижа.

Loading...

-Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа пет полни пансиони ноќевање со три оброка дневно, едукативни, забавни и спортски активности. Децата корисници на посебен додаток имаа право на придружник за време на одморот. Услугата вклучуваште и превоз на децата и нивните придружници  до одмаралиштето и обратно, соопштија од кумановскиот центар за социјални работи.

Заедно со нив во придружба биле и двајца претставници од Црвениот крст и тројца аниматори.

МТСП секоја година  објавува повик за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за време на зимскиот распуст. Oваа услуга можеа да ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток, како и децата  без родители и родителска грижа, родени во периодот од 2004 до 2009 година  и/или деца редовни ученици  кои во учебната 2018/2019 година посетувале петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение и деца корисници на посебен додаток  до 26 години. 

Leave a Reply