149 сообраќајни санкции во Скопје, 50 за брзо возење

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Loading...

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 18 за возење без возачка дозвола, пет за возење под дејство на алкохол.

Изречени се пет мерки за некористење сигурносен појас, пет за користење на мобилен телефон, шест за нерегистрирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Leave a Reply