130 деца вчера спортуваа заедно во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Околу 130 ученици од седум основни училишта во Куманово вчера спортуваа на Градскиот стадион во рамки на проектот „Растеме во шампиони“.

Loading...

 

 

Ученици од училиштата „Вук Караџиќ“, „Наим Фрашери“, „Кочо Рацин“, „Крсте Мисирков“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“ и „Христијан Карпош“ со нивните наставници спортуваа и се забавуваа во разни игри.

 

 

Loading...

На настанот присуствуваа и поранешни успешни спортисти меѓу кои и Вујадин Станојковиќ и Горан Георгиевски Гусар, а учениците во име на Општина Куманово ги поздрави Александар Крстевски, раководител на секторот за култура и спорт.

 

 

Станува збор за настан организиран од Open Fun Football со поддршка од Општина Куманово.

 

Никола Ивановски

Loading...