104 казни за брзо возење вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 114 казни напишала полицијата вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

Најголем дел од казинте, односно 104, биле напишани на подрачјето на Куманово.

– Денеска (14.08.2022) во времето од 14 – 20 часот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 114 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, 104 санкции се изречени во Куманово, 8 во Кратово и 2 на територијата на Крива Паланка.

Засилените сообраќајни контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски