102-годишна Французинка осомничена за убиство на својата цимерка

Сподели со своите пријатели

Француското обвинителство отвори истрага поради убиство на 92-годишна старица во еден дом за стари лица на северот на Франција, за што осомничена е нејзината цимерка која има 102 години, која е префрлена во психијатриска болница.

Loading...

Жртвата била пронајдена во сабота навечер, нешто по полноќ, мртва во кревет со отечено лице.

Обдукцијата покажала дека старицата била усмртена со давење и дека добила неколку удари во главата.

Нејзината 102-годишна цемирка бурно и нервозно реагирала на веста за трагедијата поради што била префрлена на одделението за психијатрија во блиската болница. Извори од билницата навеле дека старицата во конфузна состојба рекла дека „некого убила“.

Обвинителството навело дека е отворена истрага, но се чекаат психијатриски наоди пред евентуално започнување постапка против осомничената.

Leave a Reply