10 сантиметри снег во Куманово, врнежите продолжуваат и денеска

Сподели со своите пријатели

Во текот на денот не очекува облачно време со повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужната половина претежно од дожд, во северната од снег. Повеќе врнежи ќе има во  попладневните и вечерните часови и тогаш повторно речиси насекаде ќе бидат од снег, освен на југоистокот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе достигне од 2 до 9 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне четири степени целсзиусови. Утринава според УХМР, висината на снежната покривка во Куманово изнесува 10 сантиметри.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во претпладневните часови. Наутро на повеќето места температурите ќе бидат за 2 до 3 степени под нулата. Во сабота во западните делови ќе провејува слаб снег, а на југоистокот ќе има слаб дожд.

Постепено затоплување со врнежи главно од дожд ќе има од недела попладне.

Leave a Reply