10 литри дожд изминатото деноноќие во Куманово

Сподели со своите пријатели

Десет литри воден талог на метар квадратен паднале во Куманово во текот на изминатото деноноќие, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Најмногу врнежи од дожд измерила станицата во Петровец, 37 литри на метар квадратен, па следува Ѓуриште со 17 и Битола со 11 литри.

Нестабилното време продолжува и денеска.

Продолжува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено денес и утре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град, велат од УХРМ.

Никола Ивановски

Leave a Reply