ЖРК Куманово со втора победа сезонава

loading...

Во рамките на 2-то коло од женската ракометна супер лига викендов ракометарките на Куманово на домашен терен ја совладаа екипата на ЖРК Деспина од Прилеп со 28:20 со што ја постигнаа и втората едноподруга победа во домашното првенство

Домашните ракометарки иако настапија без својата најдобра ракометарка Александра Боризовска во текот на целиот натпревар беа подобар противник и доминираа на теренот па на крајот сосема заслужено стигнаа до својта втора првенствена победа со која што барем за момент се најдоа на челната позиција на табелата.

За домашната екипа Викторија Пеовска постигна 9 а Бети Петковска и Габриела Костадиновска по 4 голови додека пак за гостинките од Прилеп, Михаела Камческа 7 и Дивна Димова 5 голови.

– Можевме подобро да изиграме имавме неколку технички грешки, но извојувавме победа. Според мене нападот имаме сега неколку грешки и во одбрана и во напад, дупки неколку, ама успеавме да победиме со упорност и добри тренинзи. Сега мислам дека следна утакмица ни е со ракометарките на Вардар, секако ќе биде потешко, поискусни се, повозрасни и реално тие ќе бидат први во оваа табела – изјави Габриела Костадиновска, ракометарка на ЖРК Куманово.

– Оваа сезона имаме мотивација малку поголема, се сконцентриравме на секој натпревар, најважно е искуството и минутажата која ја добиваме на натпреварите и така можеме да се докажеме. Сега имам и замена, заедно работиме и се трудиме да одбраниме најодбро што можеме. Работиме напорно да го освоиме второто место, мислам дека добро ни тргна оваа сезона и се надевам дека ќе се покажеме во најдобро светло, вели Јована Кипријановска, голманка на ЖРК Куманово.

Во наредното 3-то коло од домашното ракометно првенство екипата на ЖРК Куманово ќе биде пред голем предизвик бидејки ја очекува тешко гостување кај шампионската екипа на ЖРК Вардар во Скопје.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments