Жителите на Москва во декември имале само 6 минути сонце

Сподели со своите пријатели

Жителите на Москва во декември го имале најтемниот месец во историјата на градот со оглед на фактот дека Сонце имале само шест до седум минути, изјавил директорот на руската Федерална служба за хидрометеорологија, Роман Вилфанд.

– Според опсерваторијата на Московскиот државен универзитет, во Москва директната сончева светлина во декември траела шест или седум минути, рекол тој.

Како што додал, многумина поради тоа пателе од депресија.

Инаку, последниот месец во годината во Москва сонцето било присутно во просек околу еден час, но не и во 2017 година.

Претходниот најнизок рекорд е забележан во 2000. година кога во декември директната сончева светлина била видлива вкупно три часа.

Од средината на јануари во Москва започнуваат подолги сончеви интервали.