Жител на Матејче за 2.500 евра изготвувал лажна британска виза

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.О.(35) од село Матејче, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “измама“ и „фалсификување исправа“.

Пријавениот, изготвил лажна исправа – Британска виза, која што ја внел во патната исправа на Л.А. (18) од Урошевац- Косово, за што Љ.А. му исплатил 2500 евра.