Жбогар: СЈО мора да продолжи да работи (видео)

Сподели со своите пријатели

Специјалното јавно обвинителство е алатка за одредување на одговорноста за она што произлегува од прислушуваните разговори, вели Самуел Жбогар, Амбасадор на Европската унија за Република Македонија кој денес присуствуваше на промоција на ИПА проектот во Куманово за изаградба и рехабилитација на канализација во вредност од 4,3 милиони евра.

Ние ги охрабруваме политичките партии да ја почитуваат оваа нивна заложба и во иднина да ја имплементираат поддршката за СЈО. Сите вие знаете дека СЈО не претставува крај како такво, туку тоа претставува само една алатка, т.е. најдобрата алатка да се одреди одговорноста или пак да се истражува одговорноста која што произлегува од прислушуваните разговори. Ова е наш став и остануваме на него. Мислам дека четворицата лидери уште во август установија дека сите услови се исполнети за одржување на изборите во декември. Јас имам постојан дијалог и дискусија со сите сите четворица политички лидери во врска со прашањето за изборите и со прашањето за СЈО. И мојот впечаток е дека сите се подготвуваат за одржување на изборите. Се разбира, ние како ЕУ се радуваме и со нетрпение очекуваме да се одржат тогаш кога се закажани, тоа ќе биде можност земјата да се врати во нормализира и да го  продолжи својот европски пат и да можеме да ја продолжиме нашата соработка – вели Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.

Жбогар додава дека партиите се подготвени за избори на 11 декември и тие мора да се одржат.