За викендот дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Од утре попладне метеорлозите најавуваат врнежи од дожд кои на пвосоките места ќе поминуваат во снег.

Од УХМР соопштуваат дека врнежите утре ќе бидат повеќе застапени во западните делови на земјата, а кон крајот на денот и ноќта кон недела ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и на планините ќе поминуваат во снег.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува засилен јужен ветер.

В недела претпладне во западните и северните делови ќе има повремени врнежи од снег, а границата на снежните врнежи се очекува да се спушти и до 500 м.н.в. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка може да се формира и на некои повисоки места.

Во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер.

Извор: МИА

Loading...