Врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата ноќ преовладуваше променливо облачно а наместа и ведро време, што овозможи на некои места пад на утринските температури. По одделни котлини после полноќ се создаде појава на магла. Дува слаб ветер претежно од јужен правец, но повеќе е изразен на повисоките места и на планините.

Како што информираат од Управата за дирометеоролошки работи претпладне по котлините ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе биде променливо облачно, во западните и северозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините ќе поминуваат во снег. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 9 до 14 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб северен, односно североисточен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 10 степени.

В недела ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во северозападните делови со повремен снег. Интезитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен, локално околу 10 л/м 2 . Ќе преовладува релативно топло време, благо опаѓање на дневнaтa температурa ќе има в недела и в понеделник.