Велигденска честитка од ОО СДСМ Куманово

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на Велигден, Општинската организација на СДСМ Куманово упати честитка до сите граѓани во кои испратија порака за соживот и религиско почитување, кои можат да допринесат за зацврстување на меѓуверскиот дијалог во земјата.

Нека овој голем Христијански празник, ја означи радоста на новиот животен почеток исполнет со чиста мисла и благороден дух. Големата празнична радост нека  донесе здравје,среќа,мир и бериќет во Вашите семејства. Убедени сме дека со единство и заедничка верба за поубава иднина ќе градиме стабилно општество и држава. Наша должност и во иднина е да ја пренесеме пораката за вистината, за верата која ја живееме,да ги чуваме и почитуваме традиционалните вредности, да бидеме поцврсти и поединствени, јакнејќи ја солидарноста,праведноста и добрите меѓучовечки односи. За многу години Велигден – стои во честитката испратена од ОО СДСМ Куманово.