Утринските температури повторно длабоку под нулата

Сподели со своите пријатели

Претпладне во поголем дел од земјава ќе има зголемена ниска облачност, а попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од -4 до 2 степена, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината утринава имавме температура околу -6 степени и слаби врнежи од снег. Во текот на денот ќе преовладува сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне -1 степен. Во текот на ноќта ќе имаме мало разведрување при што температурата значително ќе се намали и ќе се движи околу 12 степени под нулата.

Утре и во сабота ќе преовладува претежно сончево и тивко време со пониски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и под -15 степени, додека дневните ќе бидат во благ пораст. Претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност и можна појава на ретка магла. Од недела ќе има извесно зголемување на облачноста.