Утре неработен ден за граѓаните на Република Македонија

Сподели со своите пријатели

Четврток 8ми септември ќе биде неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

По тој повод ќе се одржат низа активности, а во Куманово на Спомен Костурница ќе биде положено свежо цвеќе, а свое обраќање во 11 часот ќе има претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Следниот неработен ден е 11 октомври за сите граѓани на Македонија, а за припадниците на муслиманска вероисповед неработен ден и продолжен викенд може да очекуваат на 12 септември, кога ќе се прославува Курбан Бајрам.