12.03.2018 09:08

Услови за нестабилност во попладневните часови

loading...

Времето изутринава е претежно сончево со мала облачност, претежно е товко, само на повисоките места дува слаб ветер од претежно од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Претпладне сончево и релативно топло. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи. Се очекуваат пообилни врнежи да има во западниот и северо-источниот дел од земјава, каде е можно да наврнат околу 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 14 до 23 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно и топло време за овој период од годината. Во попладневните часови се очекуваат врнежи и слаби грмежи, а максималната дневна температура ќе изнесува до 19 степени.

Потоа во наредните денови ќе има саб локален дожд, а на повисоките планини од снег. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments