УХМР најавува нов влажен бран

loading...

Во текот на утрешниот ден ќе преовладува сончево и малку потопло време, а кон крајот на денот ќе има услови за локална појава на нестабилност пред се во северните делови од земјата.

Влажен бран со врнежи од дожд ќе започне да преминува преку земјата од недела претпладне. Врнежите на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи и можна е и појава на град. Поголеми количества воден талог се очекуваат во планинските делови на северозапад и североисток. Со преминот на влажниот бран ќе дува повремено засилен северозападен ветер најизразен на северот од земјата и вдолж Повардарието каде што ќе достигнува брзина и над 65 км/час. Ова ќе услови ново намалување на дневната температура, во интервал од 5 до 7 степени.

Во понеделник ќе продолжи да дува северниот ветер, а од вторник ветерот ќе биде јужен и во понатамошниот период времето се очекува да е променливо, во попладневните делови од денот со појава на нестабилност повремено и со поројни врнежи од дожд и грмежи. Температурите преку денот ќе бидат во благ пораст.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments