СВР Куманово поднесе неколку пријави за узурпација и бесправно градење

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Л. (53), А.Р. (57), С.П. (46), сите од Куманово, против  Б.М. (40) од село Пендак, кратовско, со престојувалиште во Куманово и Д.К. (45) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела  „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“ и против Н.К. (36) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“.

Во 2016 година прво, второ, трето, четврто и петопријавениот, со намера да го  употребат за градба, поставиле канализациона мрежа во туѓо земјиште, сопственост на С.Т., како и преку улица во населба „Иго Тричковиќ“, м.в. „Камена куќа“, сопственост на Р.Македонија, по што истите на узурпираната недвижност поставиле фекална канализција. Исто така, пријавените изградиле и канализациона мрежа без Одобрение за градење издадено од надлежен орган, а додека шестопријавениот изведувал градежни работи без основен преокт со што ја нарушил стабилноста на градбата, сопственост на С.Т.