СВЕТОТ НА РАБОТ ОД НУКЛЕАРНА ВОЈНА: Вака би изгледал конфлоктот помеѓу САД и Кореја (видео)

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја неодамна претстави ракета која би можела да погоди било кој дел од американскиот континент.

Со тоа, според зборовите на лидерот на земјата Ким Џонг Ун, Северна Кореја станува нуклеарна сила. Тоа го изненади и Доналд Трамп окј претходно изјави дека тие никогаш нема толку да се развијат.

 

Loading...

 

Може ли САД со превентивен напад да ја спречи Северна Кореја да лансира ракети?

Ова е тешко изводливо, затоа што Северна Кореја е планинска земја и своите нуклеарни објекти ги сокрила ширум територијата. Исто така би било многу ризично, затоа што неуспехот би значен изложување на народот на Јужна Кореја и Јапонија на опасност од ракетни и нуклеарни напади.

Што би можело да го предизвика Ким да нападне?

Било каков напад на САД, па дури и мал и ограничен, за Ким Џонг Ун би значел само едно – почеток на војна. САД бо случај да сака да ја нападне ќе мора да сигнализираат дека нема да користат нуклеарно оружје. Но, прашање е колку Корејците ќе веруваат.

 

 

Дали промената на режимот во Северна Кореја би ја намалила опасноста?

Ако Ким Џонг Ун се отстрани од власта, тоа не мора да значи дека чувствата кон Америка ќе се променат. Ким има цела политичка елита зад себе и затоа доста од нив би требало да бидат отстранети. А промена на режимот не би одговарала ниту на Кина, затоа што во тој случај многу бегалци ќе пристигнат кај нив.

Дали целосна војна е најдобрата опција за САД?

За да целосно го уништат целиот нуклеарен програм како и воената моќ на Северна Кореја, Американцит еби морале да ја инвадираат земјата на сите нивоа. Меѓутоа, на било каков знак за мобилизација Ким би возвратил со превентивен напад. Бргу би се вклучиле и Русија и Кина.

 

Loading...

 

Како би се одмаздила Северна Кореја?

Севернокорејската војска веројатно првин би го нападнала Сеул, затоа што е најлеско да се активира граничната артилерија. Би ги гаѓале јужнокорејските, американските и јапанските бази. Никој не знае дали Северна Кореја може со нуклеарна ракета да погоди некој америакнски град, како ниту дали Американците би успеале да се одбранат.

Како војната би влијаела на економијата?

Со оглед дека Јужна Кореја е втора економија во светот, падот на нивната економија би се одразил на целиот свет. Но, би се зголемила вредноста на златото и швајцарските франци.