Средношколците со социјален ризик ќе добијат финансиска поддршка од државата

Сподели со своите пријатели

Средношколците кои потекнуваат од семејства кои се приматели на социјална парична помош и редовно посетуваат настава, годинава ќе добијат 12 илјади денари поддршка од државата за претстојната учебна година.

Отворене е јавен повик кој од денес ќе трае се до 30 септември, а заинтересирани ќе можат да аплицираат во Центрите за социјални работи во реоните каде што живеат.

Од Буџетот на државата за овој проект годинава ќе бидат издвоени вкупно 72 милиони денари што ќе обезбеди можност финансиски да се подржат околу 6.000 средношколци.

Проектот е започнат во 2010 година, а сите оние кои изминатите години биле приматели на ваква помош ќе мора и годинава повторно да аплицираат.