Сончево време со температури до 36 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер, во североисточниот дел од земјава, кон крајот на денот ќе се засилува,информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 29 до 36 степени целзиусови. УВ индексот ќе има многу висока вредност, со коефициент 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме исто така сончево време со слаб северен, односно северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до 32 степени.

Следува период на претежно сончево и топло време. За време на викендот во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, особено повеќе услови има в недела.

Дневната температура ќе биде во постепен пораст.