Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на изминатото деноноќие, на ПФ Гевгелија се издадени потврди на вкупно 5.979 странски државјани, од кои според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.022, Авганистан–1.940, Ирак-1.014, додека другите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 22.11.2015 до Одделението за азил се поднесени пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил од државјани на Авганистан со нив се и четири деца кои го придружуваат родителот.
На Табановце е укажана прва помош на 856 бегалци, додека на Гевгелија на 5575 лица, информираат од МВР.