Се враќаат пеколните летни температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови со локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Минималните температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 28 до 34 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево, тивко и топло време. Максималната дневна температура ќе достигне 32 степени целзиусови.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно време со секојдневен пораст на дневната температура, која до вторник во голем дел од земјава ќе надминува 35, а на места ќе достигне и 40 степени. УВ индексот ќе има многу високи вредности.