01.03.2018 02:25

Русија: Сириските бунтовници и натаму активни и покрај примирјето


Сириските бунтовници продолжуваат со борбените операции во покраините Алепо, Латакија и Дара и покрај примирјето кое стапи на сила, јавува новинската агенција РИА повикувајќи се на соопштение од руската војска.

Според наводите на руската војска, бунтовниците спречуваат цивили во Источна Гута да ја напуштат зоната на опасност, заканувајќи им се со убиства, јавува Ројтерс.

На состанокот на Советот за безбедност при ОН на 24. февруари, усвоена е резолуција 2401 која повикува на едномесечен прекин на огнот во Сирија, за да во земјата може да биде доставена неопходната хуманитарна помош.

Русија ги поддржува силите на сирискиот претседател Башар Ал Асад, а САД и останатите западни земји ги поддржуваат бунтовниците кои се борат против режимот на Асад.

ЕУ ќе одржи меѓународна конференција за Сирија во Брисел на 24. и 25. април.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments