РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ: Солта нè прави гладни, а не жедни!

loading...

Научниците откриле дека солта всушност нè прави гладни, а не жедни како што досега се сметаше.

Од некои причини, никој досега не спровел студија околу врската помеѓу внесот на солта и водата. Научниците знаат дека зголемениот внес на сол во организмот го стимулира производството на урина, па затоа се претпоставува дека вишокот течности доаѓа токму од внесот на вода.

Меѓутоа, истражувачите од Германскиот аеровселенски центар, Центарот за молекуларна медицина и универзитетот Вандерблит дошле до неочекувано откритие при симулацијата на пат кон Марс, а нивното истражување било објавено во списанието “The Journal of Clinical Investigation”.

Имено, испитаниците биле поделени во две групи кои биле затворени во она што налик изгледало на вселенско летало – едната група била затворена во текот на 105 дена, а другата во текот на 205. Испитаниците имале идентична исхрана, со тоа што во последните неколку недели тие добивале оброци со различна количина на сол.

Резултатите потврдиле дека вишокот на сол во исхраната го поттикнува лачењето на урина, но она што ги изненадило научниците е фактот што испитаниците кои јаделе повеќе сол, пиеле помалку вода од останатите. Тајната е во уреата, моќниот осмолит кој се врзува за водата и го потпомага нејзиниот пренос во организмот. Функцијата на уреата е да помогне телото да ја задржи водата, а притоа да се ослободи од солта, откриваат научниците.

Исто така, овие “астронаути” повеќе се жалеле на глад отколку жед.

“Сега сакаме да провериме како овој процес се одразува на црниот дроб, мускулите и бубрезите”, вели проф. Фридрих Ц. Луфт, еден од истражувачите на овој проект.


Последни наслови

Facebook Comments