Претседателот на ЗНМ се сретна со евроамбасадорот Жбогар

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија Насер Селмани денеска се сретна со евроамбасадорот Самуел Жбогар со кого разговарале за актуелната состојба со медиумите во државата, престојниот закон за медиуми, како и за подлабочување на соработката, соопшти ЗНМ.

Селмани му се заблагодарил на Жбогар за поддршката на Делегацијата на Европската комисија во Скопје за ЗНМ и за реформите во медиумите. Како што се наведува во соопштението, побарал од евроамбасадорот да ја охрабри Владата за забрзување на процесот на донесување на измените на Законот за аудио и аудивизуелни медиумски услуги.  Реформите во медиумите, според Селмани, се исто толку приоритетни, како и реформите во безбедносниот сектор и судството. Истакнал дека ако нема слободни и професионални медиуми нема кој да го следи процесот на спроведување на реформите во полицијата и судството.

На средбата се разговарало и за состојбата на јавниот сервис и за начините за подобрување на неговата работа.

– Евроамбасадорот Жбогар истакна поддршка за работата на ЗНМ и се заложи за зголемување на взаемната соработка. Според него реформите во медиумите се важни и треба внимателно да се спроведат, се вели во соопштението.

Извор: МИА

Loading...