Премиерот Заев испрати писмо со сочувство до египетскиот претседател Ел-Сиси за трагедијата во џамијата во Бир ал-Абед

Сподели со своите пријатели

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со сочувство до претседателот на Египет Абдул Фатах Ел-Сиси за трагедијата во џамијата во Бир ал-Абед на Синај, кога од експлозија на бомба и во огнен напад загинаа над 300 лица меѓу кои и деца.

– Прифатете го моето најдлабоко сочувство за трагичниот настан и за загубените животи. Овој ужасен настан предизвика длабока тага и страв кај сите наши граѓани и семејства во двете земји. Останува надежта дека ние, политичките лидери, остануваме посветени на спречување на таквите ужасни напади врз нашата слобода и дека заеднички ќе се бориме да изградиме побезбедни и подобри општества, се вели во писмото со сочувство на  Заев, до Ел-Сиси.

Извор: МИА

Loading...