Послаб земјотрес во Охрид

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван претпладнево во Охрид и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека земјотресот е регистриран во 11:18 часот со епицентар кој потекнува од охридското епицентрално подрачје, на 105 километри југозападно од Скопје.

Земјотресот е почувствуван од населението во југозападниот дел од државата, односно во Охрид и околината со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Извор: МИА

Loading...