Поднесен обвинителен акт за убиството на Алмир Алиу

Сподели со своите пријатели

Вчера е поднесен обвинителен акт за убиство согласно член 123 од кривичниот закон против обвинетиот за прегазување на четиригодишниот Алмир Алиу во близина на Здравствениот дом во Куманово, што се случи на 25 јуни годинава, информираат од Основното јавно обвинителство.

Во псотапката обвиненија се поднесени и против три други лица за насилство.

Обвинетиот на 25 јуни заедно со неговата девојка чекале ред во здравствениот дом во Куманово и се скарал со родителот на Алмир,за непочитување на ред за прием во установата,по што, расправијата продолжила надвор од Здравствениот дом кога, членови на семејството  Алиу го нападнале Илиќ и неговиот брат.Обвинетиот со својот автомобил марка „мерцедес“се обидел ги прегази мајката,таткото и четиригодишното дете, кои од здобиените повреди почина.

Братот на обвинетиот, тогаш тврдеше дека бегале од групата граѓани.Постапката се водеше како итна,а беше побарано и невро-психијатриско вештачење за пресметливоста на обвинетиот.