Петар Атанасов: Преку образованието ќе обрнеме внимание на соживотот (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Денеска во работна посета на Општина Куманово е Петар Атансов, член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кој е предводник на трибината за образование кое се одржа во кружната сала на поранешен Комитет.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”413″]

 

Во својата изјава за медиумите, Атанасов ја обвини се уште актуелната власт дека за изминатите 10 години направила раздор меѓу населението на Македонија по етничка и партиска определеност, нешто што идната влада ќе се обиде да го нормализира.

Владата што ќе биде формирана по изборите на 11 декември големо внимание ќе обрне токму на соживотот преку мерки, проекти и програми кои ќе бидат имплементирани пред се во образовнит систем. Во процесот на образование од градинка, преку основно и средно до високото образование треба да се градат вредности што ќе спојуваат и градат заеднички живот – изјави Атанасов.

 

На трибината за образованието наснована „Сакаме насмеани лица“, Атанасов истакна дека учебниците се преобемни, но тоа не значи дека децата успешно ќе го научат само она што таму е напишано. Тој претстави образовни мерки кои идната влада на СДСМ би ги имплементирала, а тие се по принципот на најдобрите образовни системи во поголем број европски земји.

Нашите политички противници имаа погрешни стратешки цели. Стратешките цели беа да се нападне наставникот, да се стави се под контрола, да се фатат тендерите, да се воспостави систем во кој наставниците и професорите ќе бидат не многу важни субјекти, каде што ќе слушаат, ќе потпишуваат некои документи, но нема да бидат главни чинители во образованието – рече Атанасов.

 

Според него катастрофалните последици во образованието се последица на таквите лоши стратешки реформи, а нивните цели ќе бидат различни.

Сакаме општество во кое образованието ќе се почитува, младите ќе сакаат да учат и да напредуваат пред се како личнсоти. Образованието, особено ниските нивоа на образованието ќе бидат место и простор каде младите луѓе теба да созреваат. Треба да ги намалиме наставните програми на пониските нивоа, треба да внесеме содржини кои на тие млади луѓе ќе им помогнат да растат, но и да учат и да се стекнуваат со некакви знаења, но и нешто што се нарекува воспитување и што ќе им помогне да созреваат – додава Атанасов.

Според него има премногу учебници во ниските нивоа на образованието. Според него стратешките цели треба да бидат како да се води економска политика, како да се прераспределат даноците за да не дојде до егзодус во државата, кој е директна последица на лошото владеење во последните години.