Ова е единственото место во светот каде може да убиете човек и да не одговарате (видео)

Сподели со своите пријатели

Луѓето отсекогаш се занимавале со истражување на дупки во законот за да се извлечат од разни кривични дела, меѓутоа едно кривично дело, за кое се најмалите шанси дека ќе се извлече некој е убиството.

Меѓутоа, сепак и тука постои дупка во законот. Имено, ако злочинот го направите во т.н. „Зона на смртта“ во Националниот парк Јелоустоун, па дури и го признаете, постои голема веројатност дека нема да ви биде судено.

Брајан Калт, професор по право на Универзитетот во Мичиген, открил т.н. ничија земја уште во 2004 година, барајќи интересен материјал за својата правна статија. Истражувајќи ги законските сиви зони тој наишол на необичност на јурисдикцијата во Јелоустоун и веднаш увидел дека тука може да се направи совршеното убиство.

Самиот парк се протега на три сојузни држави, но само една има јурисдикција над целиот простор, а тоа значи ека би било невозможно обвинетиот да го изведе пред лицето на правдата. Како и сите национални паркови и Јелоустоун е федерален имот, но најголемиот дел е во Вајоминг, а најмалите делови во Ајдахо и Монтана.

Тоа можеби не значи ништо посебно за оние кои не се разбираат во законските регулативи, но за Брајан Калт, кој се занимава со уставно право, веднаш се запалиле светичките во главата. Тој веднаш сфатил дека се работи за неверојатна дупка во законот, затоа што според членот 3 од Уставот на САД, судењето за дело сторено на федерална земја се одржува во државата каде злочинот е направен. Меѓутоа, според шестиот амандман, обвинетиот има право на судење со порота која живее во област каде злочинот е направен.

Тогаш што ќе се случи ако злочинот се направи на ненаселениот дел на подрачјето сместено во Ајдахо?

Во тој случај не може да се формира порота и обвинетиот не може да има фер судење. Со самото тоа, тој е слободен човек.

Loading...