Ослепела играјќи игри на мобилен

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишната Ву од Кина буквално нон-стоп играла игри на својот мобилен телефон, па како последица од тоа останала слепа на едно око.

Таа на 1 октомври забележала дека не гледа на десното око. Мислела дека е од замор и заминала на спиење. Кога се разбудила и забележала дека нешто не е во ред, родителите итно ја превезле во болница каде и дијагностицирале состојба која обично ги погаѓа постарите лица, а се работи за оклузија, односно затнување на артериите во окото.

Окото на Ву страдало затоа што постојано гледала во екранот на својот смартфон. Ву признала дека малку претерала со игрите.

Дали поради телефоните го губиме видот?

Loading...

Откако дошла од работа, без престанок се играла со мобилнито телефон седум до осум часа секој ден. Состојбата била уште полоша кога имала слободни денови затоа што по цел ден играла игри и спиела само неколку часа.

– Во слободните денови, станував во шест, појадував и играв игри по 16 часа. Тогаш нешто би каснала и малку ќе отспиев, па потоа би играла игри до еден или два часот наутро. Бев мрзелива да се стопирам и да јадам нешто, раскажала Ву.

Таа и натаму се наоѓа во болница каде лекарите се обидуваат да и го вратат видот.