ОК на ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод 8-ми Септември

Сподели со своите пријатели

По повод Денот на независноста, 8ми Септември Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово упатува честитка до своите сограѓани.

Во неа стои:

На 8 Септември 1991 година, македонските граѓани храбро и одлучно го остварија вековниот сон на нашите предци за слободна, независна и суверена Република Македонија. Денес сме единствени во намерата, свои на своето, горди што успеавме да ја изградиме Македонија како демократска држава во која владее правото.

Нашата татковина чекори кон  остварување на европската и евроатлантската иднина, отворена кон светот, меѓународно призната и почитувана.

Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ на сите граѓани им го честита Денот на независноста на Република Македонија!