11.01.2018 09:19

Од денеска попладне услови за врнежи од дожд

loading...

Утринава насекаде во земјава времето е облачно, по одделни котлини со појава на слаба магла, а во Полошката и Струмичката котлона има магла со намалена видливост која изнесува од 50 до 500 метри.На некои повисоки места има ниска облачност и намалена видливост до 50 метри.Дува слаб ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеролошки работи.

Во текот на денот ќе имаме променливо облачно време, попладне на запад со слаб локален дожд, на повисоките планини со снег. По одделни котлини со појава на слаба магла, особено претпладне.Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 6 до 11 степени.

Облачно, со повремен слаб дожд, на планините слаб снег ќе биде времето во текот на утрешниот ден. Ќе дува слаб југоисточен, а на север со североисточен ветер.

Од денеска попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните и јужните делови повремено со умерен интензитет. Од недела поради спуштање на постудена воздушна маса, врнежи од снег можно е да има и на некои повисоки места.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments