Норвешкиот пензиски фонд вреди илјада милијарди долари

loading...

Да, единица па 12 нули. Тоа е околу 190.000 долари на секој жител во Норвешка.

Менаџерите на фондот објавиле дека вчера промените на валутите помогнале во тоа вредноста на фондот да премине билион долари, односно илјада милијарди долари.

– Растот на пазарната вредност на фондот беше фантастична. мислам дека од неговото основање во 1996 година никој не можел да очекува дека фондот некогаш ќе достигне ваква вреднсот, рекол шефот на фондот Ингве Силингстад.

Само за споредба, вредност на стопанството на Мексико е околу илјада милијарди долари.

Норвешка е голем произведувач на нафта, а голем дел од заработката од тој енергенс го става во фондот за да се финансираат пензиите и другите државни трошоци.

Фонтот е еден од најголемите светски инвеститори во акции, поседувајќи акции во вредност од 667 милијарди долари во над 9 илјади компании ширум светот. Добар показател на големината на истиот е што поседува 1,3% од сите компании кои се наоѓаат на индексот на берзата.

Највредни удели има во „Ејпл“„Нестле“, „Ројал дач шел“, „Новартису“, „Мајкрософт“ и „Алфабет“.

Фонтот исто така сериозно инвестира во недвижнини, вклучувајќи удели во згради на најпосакуваните светски адреси, како „Тајмс сквер“ во Њујорк, „Риџент стрит“ во Лондон и „Јелисејските полиња“ во Париз.

Заработката од инвестициите била импресивна во изминатите години.

Фондот од јануари 1998 година до сега растел за 5,9% годишно, а кога ќе се пресмета инфлацијата и трошоците за управување со фондот, таа цифра изнесува четири проценти.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments