Нема преживеани во авионската несреќа, познат идентитетот на жртвите

Сподели со своите пријатели

Во авионската несреќа што вчера попладне се случи во близина на селото Кожле и официјално нема преживеани, шест лица го загубија животот.

Пет мажи и една жена се упатиле од Тревизо, Италија преку Скопје за Приштина со авион мајка „Пајпер“, но истиот околу 17:30 исчезнал од радарот и се урнал 4 минути пред да слета на скопскиот аеродром.

Во авионот се превезувале Франческо Монтањер, претседател на аеро-клубот Тревизо, кој воедно и управувал со истиот, а бил заедно со потпретседателот Дарио Бастасин, Лука Дале Муле и италијанката Илариа Берти. Остнатите двајца биле браќа бизнисмени од Косово, но со италијански пасош, Висар Бегај и Ф. Бегај.

Станувало збор за службено патување на кој требало да се разгледуваат услови за отворање на аеро-клб во Косово. Но, на аеродромот во Приштина немало гориво од типот кој што го користел авионот „Пајпер“ па најавиле слетување на „Александар Велики“ за да рефундираат гориво.

Неколкучасовната потрага резултираше со пронаоѓање на делови од авионот кои беа расфрлани насекаде, а јавен обвинител веднаш излезе на терен. Идентитетот на жртвите на барање на стрнска амбасада, членка на ЕУ (најверојатно Италија) побарале да се утврди и по пат на ДНК анализа.

Вчера на самото место на настанот присутни биле голем број новинарски екипи, но порталот А1ОН, обвини за неправедна селекција од страна на МВР за Канал 5 и Телевизија НОВА кои биле избрани да имаат ексклузивни снимки од паднатиот авион, а останатите репортери и сниматели биле оставени 5 километри од самото место на несреќата и им било забрането да се приближуваат.

 

Loading...