Наскоро сами ќе проверуваме дали има бактерии во храната (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Малку се методите со кои може да се спречи труење со храна, бидејќи тестирањето на штетни бактерии, како што се ешерихија коли и салмонела, бараат специјална опрема, по што се потребни и до два дена да се добијат резултатите.

Патувате со авион? Оваа апликација би сакале да ја имате!

Loading...

Научниците од Универзитетот Масачусетс Амхерст развиле апликација за паметни телефони која ги предупредува корисниците доколку во храната има бактерии.

Со помош на паликацијата, резултатите за присуство на патогените бактерии пристигнуваат за само неколку минути. Уредот користи чип премачка со хемикалии кои можат да се поврзат и за најмалата присутна количина на бактерии.

Бесплатно патува низ Европа шармирајќи ги девојките преку оваа апликација (ФОТО+ВИДЕО)

Апликациите подразбираат и употреба на додатоци – микроскоп, чија цена изнесува 30 долари.

Во видеото кое прикажува деонстрација на работата на апликацијата, научниците со вода измиле потенцијално контаминиран производ и потоа ставаат чип во водата. По половина час, микроскопот кој може да се додаде на било која камера на паметниот телфон, на екранот прикажува дали има бактерии.

Едвард Сноуден ја претстави заштитната апликација „Haven“ (видео)

Научниците додаваат дека оваа технологија се уште е во фаза на развој, бидејќи не е во состојба да разликува штетни од добри бактерии. Тие продолжуваат со понатамошната работа на својот изум, за да пронајдат техника која може да открива специфични видови бактерии.

И покрај тоа што нивниот уред неколку години е далеку од излегување на пазарот, на Универзитетот Масечусетс Амхерс истакнуваат дека неколку компании, кои се занимаваат со производство на храна, покажале голем интерес за нивниот изум.

Apple ја купува најпознатата апликација за препознавање музика

Научниците се надеваат дека нивниот уред ќе најде примена во бројни домаќинства, како превенција од конзумирање контаминирана храна.

Апликацијата потенцијално ќе најде голема примена во случаи на природни катастрофи, каде ќе може да се користи за проверка на квалитеот на водата за пиење.

Leave a Reply