МВР: 77 граѓани, 22 полицајци и тројца пратеници побарале лекарска помош по настаните во Собранието

Сподели со своите пријатели

Вкупно 70 граѓани и 22 полициски службеници според информацијата на МВР побарале лекарска помош до 23:30 часот.

Министерство за внатрешни работи информира дека безбедносната состојба во централното градско подрачје,  околу и во собранието е  нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир. Поради претходната севкупна безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземе дополнителни мерки и активности со цел заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба.  До 23.30 часот во Градската општа болница 8-ми септември, Градска болница Св Климент Охридски и Клинички Центар лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца  пратеници. Дополнително во Касарната Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица. Во моментов во Собрание на  Р. Македонија  нема повеќе граѓани, а граѓаните кои протестираа се надвор oд собранието – стои во соопштението кое пристигна некаде еден час по полноќ.